
Ејми Годен (34) од Ешфорд, Кент, псоријаза, состојба на кожата која предизвикува црвени и суви дамки на кожата, за прв пат ѝ се појави кога имала 14 години. „Големи дамки се појавија на лактите и зад нејзините колена, кои ги криеше со облеката“, пренесува „24sata.hr“.
Но, во 2018 година, по трауматичното раскинување и напад на ангина, кое го доби од дечкото што го бакна на новогодишната ноќ, болеста се разгори.
Менаџерката за малопродажба Ејми се ужасна кога црвените дамки почнаа да се појавуваат низ лицето и телото, па дури и се соочи со злоупотреба од клиенти кои рекоа дека изгледа како „да има чума“.
„Кога за прв пат се појави на моето лице, секој ден се тресев и плачев“, рече Ејми.
Мислеше дека изгледа грозно и само размислуваше како да ги прикрие печатите.
– Особено по раскинувањето, се прашував дали некој ќе ме смета привлечна некогаш. Бев загрижена и за тоа што ќе се случи ако сретнев некого додека моите дамки беа покриени со шминка, па тој подоцна ме види без шминка. На работа, клиентите гледнаа во мене или не сакаа да ги послужам. Една жена дури и ми рече дека изгледав како да ја имам чумата. Едно момче ми викаше на улица дека лицето ми личи на парче измет. Плачев многу и не знаев како да се справам со ситуацијата. Мојот прв инстинкт беше да покривам сè со шминка, но така ќе изгледав вештачки – рече таа.
Таа излезегувала во ролки и во сè што може да ги скрие дамките, а пријателите рекоа дека е тажно што го крие лицето.
Состојбата наскоро се подобри и Ејми започна да ја прифаќа нејзината состојба.
– Ми требаше околу еден месец да се помирам со ситуацијата и тогаш решив да објавам фотографија на социјалните мрежи. Реакциите на луѓето беа неверојатни. Поради нив, се чувствував убаво, а многумина рекоа дека моите дамки ме прават уникатна – се сеќава таа.
Некој од Здружението за псоријаза на Америка рекол дека изгледа како „chita girl“ (гепард).
– Ми се допадна тоа многу и мислев дека можам да го користам тоа име и да направам нешто од тоа. Почнав да добивам попозитивни коментари на постовите и сето тоа ја зголеми мојата самодоверба. Луѓето ми пишуваа дека ги имаат истите проблеми како мене и дека им послужив како инспирација – рече Ејми.
Била дијагностицирана еруптивна псоријаза, што значи дека е присутна како мали дамки низ целото тело. Обично се формира на екстремитетите, но тоа е редок случај кога се појавува на лицето и на остатокот од телото.
– Прво ми беа дијагностицирни сипаници и тие почнаа да ме третираат на тој начин, но тоа само ја влоши ситуацијата затоа што ми ја исуши кожата. Отидов кај друг лекар и тој ми дијагностицираше еруптивна псоријаза. Најчеста причина за оваа болест е стресот, проследено со ангина, а ги имав и двете – таа се сети на почетокот на болеста.
Нејзиниот најголем проблем е како да се контролира себеси да не се чеша и таа вели дека тоа е постојана борба. Во текот на вечерта, постојано е размачкана со креми и секогаш има при рака ладни облоги. Таа веќе се обиде да ја излечи состојбата со многу креми и ја промени диетата со надеж дека ќе помогне.
Поради нејзината болест, таа го смени и начинот на кој се облекува и сега носи многу поудобна облека за да не ја иритира толку многу нејзината кожа. Покрај сето тоа, таа носи и перики, бидејќи косата ѝ стана многу тенка. Досега, таа учествуваше во многу кампањи кои ги инспирираа луѓето „да ја прифатат кожата во која живеат“.
– Кога сето ова ми се случи, тоа не беше најсреќниот момент во мојот живот. Мислев дека до сега ќе се омажам и ќе имам деца, но сега се чувствувам како да го правам она за што сум создадена, давајќи поддршка на другите и ги инспирирам. Претходно, кога погледнав во огледало, се прашував зошто ми се случува ова, но сега мислам дека имам среќа – Ејми ја заклучи својата приказна.