Иако не помина долго време откако Наташа Беквалац кажа дека никогаш повеќе нема да застане на лудиот камен, еве сега си го смени своето мислење. Таа го опиша момчето со кое после се, повторно би застанала пред олтар.
Според описот на момчето може да се претпостави дека е Новак Џоковиќ. Таа за еден српски медиум изјавила дека нејзин идеален тип на маж е оној кој има црна коса, зелени очи, широки рамена, цврсти мускули на стомакот, ќе има разбирање и ќе биде мелем за нејзините рани…
Црната коса, зелени очи, широки рамена и мускули на стомакот… тоа дефинитивно не се карактеристики на Данило, нејзиниот поранешен сопруг. Но, се типични за Ноле.