Брајан Берг на возраст од седумнаесет години го соборил светскиот Гинисов рекорд за највисоката кула во светот, изработена од карти. За овој проект му биле потребни 4.051 шпила од карти, кулата тежи 272 килограми, а голема е 30 метри квадратни. Берг е целосно самоук во сите техники што ги користи, а за кулите кои ги изработува од карти, не употребува ленти, лепак или трикови во конструкцијата.
Берг има завршено факултет за архитектура, а потоа и магистерски студии за дизајн на Универзитетот Харвард.