Фудбалскиот тим на иранските жени неодамна доби забрана за настапување на натпреварите на ФИФА, исто и на Олимписките игри кои во 2012 ќе се одржат во Лондон!
Ќе се прашате зошто?
Женската екипа е основана во 2005 година, а од тогаш освоила две втори места на женски турнири во фудбал низ западна Азија. Екипата се обиде да се квалификува и за Олимписките игри, но фудбалерките добиле опомена од ФИФА е дека дресовите не им се соодветни.
Официјалната изјава вели дека дресовите не смеат да имаат никаква комерцијална, верска или политичка порака на било кој јазик и во било каков облик. Дресот на овој тим го покрива цело тело, вклучувајќи ја и главата.
Погледнете како изгледа овој фудбалски тим, низ нашата фотогалерија во продолжение!