Новата девојка на агентот Џејмс Бонд во 23-то продолжение на овој филм би можела да биде американскта актерка со руско потекло Маргарита Левиева, пренесуваат американските медиуми.
Омилениот пијалок на агентот 007 е мешавина од вотка мартини и веспер, а сега неговата девојка ќе биде убавицата од татковината на неговиот омилен пијалок.
Поточно, Маргарита Левиева е американска актерка родена во Русија, која благодарение на софистицираниот изглед и убавина може да се приклучи кон девојките на Џејмс Бонд.
Инаку, Левиева е поранешна гимнастичарка која има глумено со Ештон Качер во филмот „Тој бој“, а беше и партнерка на Кристијан Сјуарт во филмот „Земја на авантурите“.