Фестивалот Фолк Фест Валандово за прв пат бил одржан во 1985 година. Денеска, овој фестивал е еден од најпознатите фестивали на Балканот, на кој учествуваат фолк-пејачи од Балканот и Македонија.
Негови реализатори се Леонид Манчев, директор на Културниот центар 25 Мај од Валандово, Костадин Костадиновски музички уредник во Македонското радио – Радио Скопје и Драги Митев академски музичар и член на тогашниот оркестар при МРТВ.
Фестивалот оттогаш па до сега ја афирмираа новата македонска песна, елиминирајќи го повеќегодишниот налет на сомнителни напеви од таканаречената новокомпонирана музика, создавана во другите мелојазични подрачја.
Фолк Фест Валандово успеа во текот на сите овие дваесетина години да се обнароди и ја зачува својата вековна традиција.
Ние од денес ќе се погрижиме да ве потсетиме на старите песни уште од самиот почеток на фестивалот,
Уживајте:
http://www.youtube.com/watch?v=lEsYddaehiU
http://www.youtube.com/watch?v=Vyne62szMy0
http://www.youtube.com/watch?v=HVT-B_OQ_Vs
http://www.youtube.com/watch?v=cpZXfFnSAGs
http://www.youtube.com/watch?v=_gI3ZS6yKhA