На сослушувањето на Џејмс Рејфорд, кој бил притворен под обвинение дека ја демнел Парис Хилтон, било одлучено дека тој мора да биде обвинет и изведен пред суд.
Рејфорд е обвинет дека ја демнел Парис пред нејзиниот дом, каде бил уапсен два пати. Тој исто така е обвинет дека со палка го удрил поранештото момче на Хилтон, Сај Вајтс. Рејфорд бил смирен за време на сослушувањето, а богатата наследничка не се ни појавила бидејќи се плашела за себеси и за безбедноста на своето семејство.
Одбраната тврди дека Рејфорд никогаш дирекно не и се заканил на Хилтон, па затоа и дека нема основа за судење. Сепак, судот му одредил кауција на 150.000 долари и се очекува наскоро да закаже судење.