
Во студените денови, многу луѓе се соочуваат со кондензација на прозорците, што може да доведе до непријатни последици, како што се влага, мувла и непријатни мириси во домот. Кога топлиот воздух од просторијата ќе се судри со ладното стакло на прозорецот , се формираат капки кои мора да се бришат секојдневно.
За среќа, постои едноставно и ефтино решение кое може значително да ја намали кондензацијата на прозорците, а веројатно веќе го имате во вашата бања.
Еден практичен трик е да користите пена за бричење. Овој производ создава тенок заштитен слој на стаклото што спречува влагата да се задржи на прозорците.
Луѓето кои го пробале овој метод тврдат дека прозорците се замаглуваат многу помалку и дека нема потреба да се бришат капките вода што течат по нив секој ден.
Нанесете мала количина пена за бричење на чиста, сува крпа. Рамномерно премачкајте ја внатрешноста на прозорецот. Не користете премногу, доволен е тенок слој. Тријте додека стаклото не стане чисто и сјајно.
Пената ќе остави невидлив, малку мрсен филм што го намалува создавањето на кондензација и помага да се спречи влагата да се навлезе во стаклото.
Пената за бричење содржи состојки кои спречуваат задржување на вода на мазни површини, слично на производите против замаглување. Затоа овој трик е особено корисен во текот на студените денови, кога разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура е најголема.