Јелена Карлеуша никако да се насити од позирањето пред објективите на “папараците” па дури заборава дека треба да тргне на пат.
Ова лето таа уживаше на неколку дестинации, а деновиве беше во Црна Гора каде освен пливање си дозволи и долги ручеци со своите пријатели. Додека таа седеше на ручек и нарачуваше само оброци од здрава храна, беше уловена од папараци токму во моментот кога и текна дека нејзиниот авион полетува, па скокна од масата набрзина да се спакува во хотелот и со надеж дека авионот е на писта, таа се упати на аеродоромот.