Спектаклуарната њујоршка резиденција на познатиот моден креатор Карл Лагерфилд се наоѓа во близина на Гремерси Парк. Домот има три спални соби и исто толку бањи. Станот е опремен модерно и удобно, а кујната е направена од најквалитетно црешово дрво. Сите простории имаат големи прозорци, а погледот е неверојатен.
Сепак Лагерфилд одлучил гнездото во Њујорк да го продаде, иако за него на почеток барал 32 милиони долари, сега цената е спуштена на 27 милиони.