Британски Телеграф објави една шокантна снимка од возачот кој ја вклучил камерата додека цунамито го погодило неговиот автомобил. Возачот изјавил: го видов ѕидот од вода, но немав друг избор и продолжив да возам. Среќа што останав во автомобилот, бидејќи ако излегов водата и мене ќе ме однесеше. Тој останал во автомобилот и почекал да спадне нивото на водата која достигнала висина од два метра.