Аеродромот на португалскиот остров Мадеира од средата го носи името на Кристијано Роналдо кој е роден на овој остров. Властите најавија дека славниот фудбалер ќе присуствува на свечената церемонија. На островот Мадеира, во вторникот, Португалија одигра контролен натпревар со Шведска (2:3) и тоа беше прв настап на Роналдо пред локалната публика во родниот град, Фунчал. […]












