Сакате вашите патики да изгледаат како да се нови? Тогаш послужете се со овој едноставен и генијален трик. Освен што дамките ќе исчезнат, ќе исчезне и непријатната миризба од патиките.
Се работи за смеса од оцет и сода бикарбона која, освен што отстранува дамки, ги уништува и бактериите.
Потребни ви се: половина шолја оцет, четвртина шолја сода бикарбона, пластичен или стаклен сад и стара четка за заби.
Измешајте ги содата и оцетот во подготвениот сад. Истријте ги патиките со смесата со помош на четката за заби. Оставете ги така половина час, па исперете ги со млаз вода. Потоа добро исушете ги.