Даниел Суело веќе 12 години живее без пари. Неговиот интересен живот опишан е во книгата која ја напишал неговиот пријател Марк Сунден.
Даниел (51) во 2000 година се одрекол од парите и заминал да живее во пустина во Јута. Тој решил таму да започне нов живот, а последните 30 долари ги потрошил за јавување од телефонска говорница.
Авторот на книгата признал дека на почетокот мислел дека неговиот пријател е луд, но подоцна ја сфатил неговата одлука.
„Нашиот финансиски систем е голем и неможеме да го контролираме и многу луѓе се чувствуваат заробени во него, а некои се чувствуваат и беспомошно“, изјавил Марк.
„Мојата филозофија е да земам се што луѓето ми подаруваат или нешта од кои се одрекуваат, но несакам да прифатам помош од државата“, изјавил Даниел.
Даниел живее надвор, кампува во дивината, спие во пештери и се дружи со странци.
httpv://www.youtube.com/watch?v=CtafqbZBESM