Yahoo го гаси Meme!

1 април, 20120
Yahoo Meme dead!

Yahoo се одлучи да го изгаси Meme. Така, Yahoo Meme стана уште еден проект од полето на социјалните мрежи кој немаше успех.

Yahoo објави дека услугата ќе биде изгасена на 25-ти мај и дека од 25 април ќе може само да се отвара, но не и да се става содржина на неа.

Yahoo Meme беше лансиран во 2009, и на него корисиниците имаа можност да направат страница каде може да ставаат слики, линкови, видеа, кои останатите корисници ќе можеа да ги коментираат и исто така да ги постираат. The Verge го категозираше Meme како нешто помеѓу Twitter и Tumblr.

„Сакаме да им се заблагодариме на корисниците кои беа дел од оваа заедница и се надеваме дека ќе се сретнеме повторно на другите производи на Yahoo,” стои во официјалниот извештај.

Засега сеуште можете да го пробате овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma