Шеф на руската мафија убиен во центарот на Москва

16 јануари, 20130
sef na mafija

Аслан Усојан, познат по прекарот „Дека Хасан“, кој се смета за еден од најголемите мафијашки босови во Русија, денеска е убиен од снајперист во центарот на Москва додека излегувал од ресторан после ручек, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.

– Тој бил ранет и пренесен во болница, каде им подлегнал на повредите – изјавило официјално лице од руското МВР. Во истата прилика и една жена е ранета во нога. Усојан во септември 2010 година преживеа обид за убиство, кога во центарот на Москва од огнено оружје беше погоден во пределот на стомакот. Тој беше близок соработник со рускиот мафијашки бос Вјачеслав Иванков, кој беше убиен во 2009 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi