Големо враќање на славната Хурем, но во друга серија

3 јануари, 20140
42652_hurem1

Глумицата Мерјем Узерли е планирана за улогата на јака и цврста жена, како Хурем – омилената сопруга на султант Сулејман Величенствениот во истоимената серија. Мерјем ја очекува улога како султанката Косем во новата серија која ја подготвува продуцентската куќа “TIMS”, под името Величенственото Столетие – Косем.
Во турските медиуми со голема возбуда се пропрати веста дека Мерјем би можела да биде главниот лик на продолжението на Сулејман. Новата серија која се планира да е раскошна и скапа, ќе се раскажува за животот и случувањата во цариградскиот двор во време на владеењето на праправнук на Сулејман и Хурем, султанот Ахмед први и неговата жена Косем.
Ако се вистинити најавите, глумицата со германско-турски корени ги средила проблемите со продукцијата TIMS кои настанаа за време на снимањето на Сулејман. Нејзиното заминување од серијата за време на стотата епизода која и донесе слава беше голем шок за фановите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *