Јапонија: Голема дупка проголта дел од улицата со пет ленти

11 ноември, 20160
3

Огромна дупка проголта дел од улицата со пет ленти во центарот на југозападниот град Фукуока.

Како што јавува јапонската телевизија NHK, во близина на железничката станица, во еден од најголемите јапонски градови прво се појавиле две помали дупки на улица со пет ленти, а после неколку минути дупката достигнала пречник од 30 метри.

Полицијата го блокираше приодот кон дупката и формираше безбедоносен обрач.

Во несреќата немаше загинати, ниту повредени, а пропаѓањето на асфалтот предизвика оштетувања на инсталациите на плин, вода и струја.

Се претпоставува дека дупката и пропаѓањето на асфалтот ги предизвикале инфраструктурните работи во близина на железничката станица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma