Трамп: Нема да ве изневерам, ќе обавам одлична работа

11 ноември, 20160
3

Доналд Трамп и се обрати на нацијата по прогласувањето на победа на претседателските избори и им се заблагодари на сите кои му помогнале на „тешкиот пат“.

Тој се обрати на „милионите жени и мажи кои ја сакаат својата земја“ и кажа дека е тука за да ја обедини Америка.

„Ова беше, како што велат, историска кампања. А да би била историска, мора да се изврши добра работа и ви ветувам дека нема да ве изневериме. Ќе обавиме одлична работа“, нагласи победникот на претседателските избори.

„Ќе го обновиме американскиот сон. Гледам огромен потенцијал во оваа земја. Сега секој човек ќе може да свати каков потенцијал има. Ќе обновиме патишта, мостови, школи и болници“, рече Трамп.

Тој наведе дека во текот на последните 18 месеци запознал многу воени ветерани и дека државата конечно ќе се погрижи за нив.

„Имаме и економски план, ќе се потрудиме да соработуваме со други земји. Америка нема да се задоволи со ништо помалку од најдоброто“, нагласи Доналд Трамп.

Трамп се заблагодари на своето семејство, родителите, браќата, сестрите, сопругата и децата.

„Ве сакам и ви благодарам. Сé ова беше тешко, тешка е оваа политичка работа“, рече Трамп.

Тој исто така и се заблагодари и на ривалката Хилари Клинтон за нејзиниот труд и работа.

Пенс: Историска ноќ, Америка одбра шампион

За кандидатот Доналд Трамп потпретседателот Мајк Пенс кажа дека Америка „избрала шампион“.

„Ова е историска ноќ во која Америка го избра својот шампион. Тешко ми е да изразам колкава привилегија ќе биде да сум потпретседател на САД. Се заблагодарувам на Бога и на своето семејство, не би бил овде без нив“, наведе Пенс.

Тој се заблагодари на американскиот народ кој му ја овозможи приликата да служи и му се заблагодари и на Доналд Трамп чие лидерство „ќе ја направи Америка повторно голема“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma