Крокодил преплашил туристи на плажа во Мексико, кога излегол од грмушки и влегол во водата. Туристите биле шокирани од глетката, а персоналот ги известил капачите да излезат од водата. Инаку, оваа плажа се наоѓа во близина на еколошки парк во кој има повеќе видови диви животни.












