Мерилин Монро побарала помош од Џуди Гарланд пред нејзината смрт

31 јануари, 20170
10

Нивниот разговор ќе ви го скрши срцето.

Пред таа да почине во 1962, Мерилин Монро и се обратила на нејзината добра пријателка Џуди Гарланд за помош, според мемоарот „Џуди и јас“, напишан од третиот сопруг на Гарланд, Сид Луфт.

Списанието People, кое добило извадок од книгата, објави дека Гарланд ја прогонувала смртта на Монро поради нивните тешки последни зборови. Таа се потсетила на разговор што го имала со Монро на забава во Холивуд. Монро ја следела нејзе од „соба во соба“, велејќи и на Гарланд, „не сакам да се оддалечам премногу од тебе. Исплашена сум!“

Гарланд се сеќава дека и одговорила, „Сите сме исплашени. И јас сум исплашена!“ Монро продолжила, „Само ако би можеле да разговараме. Знам дека ќе разбереш.“ А Гарланд и одговорила, „Можеби би можела. Ако си исплашена, јави ми се и дојди кај мене. Ќе разговараме за тоа.“

Но, тие никогаш не седнале да разговараат. Монро била пронајдена мртва на 5 август, 1962 во нејзиниот дом откако, наводно, се предозирала со апчиња за спиење.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris