Драматичното видео покажува како брановите стигнале до терасите на третиот спрат во Mara del Mar и целосно ги уништиле.
Голем број туристи беа евакуирани од апартманите покрај морето на Тенерифе, кога бранови високи дури 13 метри ги потопија терасите на овие објекти. Драматичното видео покажува како брановите стигнале до терасите на третиот спрат во Mara del Mar и целосно ги уништиле.
Островот претрпе големи поплави, еден ресторан е уништен, многу автомобили беа одвлечени во морето.
Градоначалникот Алваро Давила рече дека 65 апартмани се евакуирани. Никој не бил повреден.
Storm in #Tenerife: Monster wave wipes out balconies THREE stories up https://t.co/PfBdw0phYh pic.twitter.com/ZgO8tJbZTp
— RT (@RT_com) November 19, 2018