
Ја засекоа софата за да видат за што станува збор, а потоа извлекле еден, па друг, и на крајот трет плик… Тројца студенти од Њујорк купија софа од продавница за користени работи за само 20 долари. Ја донесоа во станот, а потоа забележаа дека има некои чудни облини. Ја засекоа да видат за што се работи, а потоа извлекоа еден, друг, и на крај и трет плик. Ги отворија и ги дочека изненадување на животот – тие беа полни со банкноти од100 долари и 50 долари, а имаше вкупно околу 40.000 долари! Брзо ја заклучија вратата од станот и се радуваа на нивната добивка.
Меѓутоа, кога еуфоријата помина, тие помислија и на сопственикот кој во тој момент сигурно бил очаен. Затоа со помош на продавницата дојдоа до сопственикот на софата – тоа беше баба која имаше околу 91 година, а нејзините внуци го продадале каучот без да знаат што се крие внатре. Како што велат овие студенти, во ниту еден момент тие не биле во дилема. Знаеја дека парите мора да им ги предадат на сопствениците. Поради тоа бабата ги награди, со засега непозната сума.