Станува збор за 5.655 каратен скапоцен камен, тежок 1,1 килограми.
Огромен и извонредно редок смарагд вреден 2,5 милиони долари беше пронајден во рудник во Замбија. Станува збор за скапоцен камен од 5.655 карати, тежок 1.1 кг, и се нарекува Инкалам, што значи „лав“ на локалниот Бемба јазик. Смарагдот го пронајдоа геологот Депапирија Ракшит и рударот Ричард Капета на 2-ри октомври во најголемиот светски рудник Кагем, кој е во сопственост на Gemfields со седиште во Лондон. Имиња добиваат само најголемите и највредните скапоцени камења. Smaragd Insofru, или “слон”, беше пронајден во 2010 година и има 6.225 карати. Инкаламу е речиси двојно поголем од најголемиот дијамант во светот наречен Кулинан, кој е пронајден во 1905 година во Јужна Африка.