Белмин Османбеговиќ направи нешто неверојатно.
Новиот светски рекорд во дисциплината на кршење бетонски плочи со глава, изгледа го потврди митот кој постои за Босанците и нивните тврди глави, се чини дека не е само мит.
Момчето од Височан, Белмин Османбеговиќ, член на таеквондо клубот Босна Високо, пред неколку дена во хрватскиот шоу програм „Суперталенат“ го собори светскиот рекорд во кршење на бетонски плочи со глава.
Османбеговиќ скрши 175 плочи за 55 секунди, а по завршувањето на емисијата рече дека малку го боли главата, по што тој беше прегледан од лекар, за секој случај.