Новиот извештај на ОН покажува дека озонската обвивка на Земјата се обновува, а озонската дупка на Антарктикот се намалува, објави АП.
Озонската обвивка ја заштитува планетата од ултравиолетово зрачење, кое предизвикува рак на кожата, ги оштетува житните култури и создава други проблеми.
Извештајот покажува дека горниот озонски слој на северната хемисфера може да се обнови до 2030. година, а во јужната хемисфера до средината на векот. Озонската дупка над Јужниот пол би можела да исчезне околу 2060. година. Научниците веруваат дека за овој развој на ситуацијата има допринесено договорот од 1987. година во кој се забрануваат хемикалии кои биле штетни за озонската обвивка, како и упоребата на нови технологии.