Писмото на Ајнштајн за Бог е продадено за 2,9 милиони долари

5 декември, 20180
ајнштајн

Писмото од 1954. година, во кое Алберт Ајнштајн го отфрли зборот Бог како „производ на човечката слабост“ и во кое зборува за неговиот еврејски идентитет, беше продадено на аукција за речиси 2,9 милиони долари, објави портпаролката на аукциската куќа „Кристи“.

Во своето писмо упатено до германско-еврејскиот филозоф Ерик Гуткин, Ајнштајн дава потполно искрено мислење за религијата, нарекувајќи ја Библијата „збирка на благородни, но примитивни легенди“.

„Зборот Бог за мене не е ништо друго освен израз и производ на човечката слабост“, напишал физичарот една година пред неговата смрт.

Достигнатата цена на аукцијата во Њујорк, која заврши за само четири минути, беше многу повисока од проценката на куќата „Кристи“, која се движеше околу 1,5 милиони долари.

Ајнштајн писмото го напишал додека живеел во Принстон, Њу Џерси, како одговор на книгата на Гуткин од 1952. година во која пишувал за јудаизмот, за Израел и модерната ера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi