На еден руски турист се чини дека вотката малку му удрила во глава, бидејќи тој се обидел да ограби банка во норвешкиот град Лонгирбиен, кој се наоѓа на архипелагот Свалбард недалеку од Северниот Пол.
Не само што се обидел да краде во „земјата на белата мечка“, туку и на место од каде што бегството е можно само со авион.
Градчето Лонгберн се наоѓа на архипелагот Свалбард во Арктичкиот Океан и има околу 2.000 жители. На овој архипелаг живеат околу 3.000 поларни мечки. Младиот турист во банката влегол наоружан со пушка и од службеникот побарал 8.000 долари. Тој не земал во предвид дека е во мало место каде што сите се познаваат еден со друг.
Во Лонгберн, секој граѓанин, па дури и туристите, можат да носат оружје поради големиот број поларни мечки, единствениот ѕвер во светот кој, меѓу другото, лови и луѓе и не ги напаѓа само во одбрана. Несреќниот арамија беше брзо уапсен и префрлен во Тромсе на копниот дел на Норвешка, каде што ќе биде испрашан.