Три камчиња продадени за 855.000 долари!
Три примероци на камчиња од Месечината кои беа донесени на Земјата после Советската лунарска мисија во 1970. година денес се продадени во Њујорк за 855.000 долари.
Овие камчиња по враќањето на сондата „Luna 16″, прво беа понудени на сопругата на таткото на советската вселенска програма Сергеј Королев, кој почина во 1966 година.
Остварената сума е речиси двојно повисока од онаа за која примероците биле продадени претходниот пат, исто така во организација на аукциската куќа Sotheby’s .
Продадените примероци, колку што е познато, се единствените што биле донесени од Месечината, за време на американските или советските мисии, без да бидат во сопственост на ниту една држава.
Како знак дека лунарните мисии сеуште и се многу интересни на јавноста, платнената вреќичка во која Нил Армстронг ги донесе првите примероци од Месечината во јули 2017. година, беше продадена за 1,8 милиони долари.
Од САД немале мисија на Месечината од „Аполо 17“ во 1972. година, додека последниот руски лет на Земјениот сателит беше во 1976. година, сондата „Луна 24“.
НАСА сака до 2023 година повторно да испрати мисија на Месечината со човечки екипаж додека Кина има амбиција да изгради база на Месечината.