Загатката на Алберт Ајнштајн им претставува проблем на сите: Решението можат да го пронајдат само 2% од луѓето, дали вие сте меѓу нив?

21 ноември, 20180
albert

Станува збор за навистина интелигентна мозочна игра која популарно се нарекува “загатката на Ајнштајн”

Многумина тврдат дека оваа загатка ја напишал Алберт Ајнштајн додека бил дете, иако нема цврсти докази дека тоа е вистина. Она што е сигурно, само 2 % од луѓето во светот можат да ја решат.

Ова е навистина интелигентна мозочна игра која популарно се нарекува “загатката на Ајнштајн”.

Обидете се да ја решите:

Постојат пет куќи во различни бои наредени во ред. Во секоја од нив живее по една личност од различна националност. Петте сопственици на овие куќи пијат посебен пијалок, пушат одредена марка на цигари и имаат милениче. Ниту еден од нив не пуши иста марка на цигари, не пие ист пијалок и нема исто милениче.

Други факти:

1.Британецот живее во црвената куќа

2.Швеѓанецот чува куче

3.Данецот пие чај

4.Зелената куќа се наоѓа од левата страна на белата куќа

5.Сопсвеникот на зелената куќа пие кафе

6.Сопственикот кој пуши Pall Mall чува птици

7.Сопственикот на жолтата куќа пуши Dunhill

8.Личноста што живее во куќата во средината пие млеко

9.Норвежанецот живее во првата куќа

10.Сопсвеникот кој пуши Blends живее до личноста што пуши Dunhill

11.Личноса што чува коњ живее покрај личноста што пуши Dunhill.

12.Личноста што го конзумира Bluemaster брендот на цигари, пие пиво

13.Германецот пуши Prince цигари.

14.Норвежанецот живее до плавата куќа.

15.Личноста што пуши Blends цигари живее до човекот кој пие вода

Прашањето е: На кој од овие личности домашниот миленик му е риба?

Не постојат трикови – се што ви треба е проста логика.

Во случај да немате нерви за да ја решите оваа загатка, погледнете го видео кое ќе објасни чекор по чекор како да се реши оваа загатка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber