27 март, 20190
kukja

Тешко е да се поверува дека семејство без ниту малку искуство во градежништво може да изгради куќа на два спрата со пет соби, само гледајќи туторијали на YouTube, но Кара Брукинс и нејзините четири деца се жив доказ дека и тоа може да се направи кога се сака. Нејзиниот најстар син Дру и помогнал да го направи нацртот за куќата и да добие одобрение од градот за изградба, нејзината ќерка Џада носела вода од езерцето на соседот и мешала бетон за темелите, додека нејзината друга ќерка подготвувала оброци за сите, пишува Bportal. ba.

Така успеала да изгради куќа за неа и нејзините деца за само девет месеци работа.

Кога дошле инспекторите за да ја прегледаат куќата, биле изненадени дека сè е професионално направено, не верувајќи дека е изградена од една мајка без ниту малку познавање за градежништво. Домот кој има библиотека, гаража за три автомобили, пет спални и два спрата го нарекоа Inkwell Manor, а куќата денес вреди околу половина милион долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi