Барал пари од осигурителната компанија поради повреда на работно место: Камерите го открија неговиот валкан трик

4 февруари, 20190
mraz

Со надеж дека ќе ужива со парите што ќе му ги плати осигурителната компанија поради повреда на работното место, Александар Голдински, градежен работник од Њу Џерси, по подот во кафетеријата истури коцки мраз, потоа лежеше чекајќи некој да го најде. Неговата намера беше неговите колеги и осигурителната компанија да поверуваат дека тој паднал и се повредил.

Сепак, 57-годишникот го издаде еден многу важен детаљ – дека во неговата компанија се поставени камери, кои, меѓу другото, го забележале и неговиот „пад“.

Кога надзорните снимки дојдоа во рацете на осигурителната компанија, 57-годишникот беше уапсен и ќе оди на суд со обвинение за обид за измама.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi