Роман Р. од сибирскиот град Зеленогора го доведе своето шестмесечно дете во голема опасност, па дури и го сними и го објави на YouTube.
Додека го возеше BMW-то, тој отвори прозорец низ кој го извади детето и го држеше со една рака надвор од автомобилот, додека со другата рака го држеше воланот. Во исто време, тој ја нагази педалата за гас и постојано го забрзуваше својот автомобил.
Не е првпат Роман да го малтретира детето затоа што пред минатата зима, позираше на покрив од зграда, држејќи го детето наопаку во воздух само за една нога.