Крокодил скокнал 2,5 метри и ја нападнал научничката

16 јануари, 20190
k

Во ужасен инцидент, Дејзи Туво (44) е изедена жива во петокот наутро, откако крокодилот излегол од каналот, ја зграбил и ја повлекол назад во базенот на истражувачкиот центар CV Лабораторија Јосики во Северна Сулавеси, пишува британскиот таблоид „Daily Mail“.

По некое време, крокодилот Мери е пронајден додека во неговата уста имало остатоци од несреќната Дејзи. Исплашениот персонал во центарот прво ја видел „чудната форма“ во водата, а потоа и крокодилот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=246&v=JGoKsekMwdU

Официјални лица од центарот веруваат дека крокодилот долг повеќе од пет метри се протегнал на задните нозе и се искачил до врвот на ѕидот од два и пол метри.

Рептилот кој ја уби научничката бил секојдневно хранет со пилешко, туна и месо и бил познат по агресивното однесување кон другите крокодили. И покрај тоа, се сметало дека не претставува опасност за луѓето.

Персоналот на центарот и полицајците едвај успеале да дојдат до неизедените остатоци на научничката, а крокодилот ќе оди на понатамошно медицинско испитување за да се утврди дали навистина ја изел жената.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *