
Сепак му помогна …
Диспечерите кои дежураат на американскиот број за итни случаи 911 се навикнати на секакви прашања и необични ситуации.
Антонија Банду од Лафајет во Индијана почна да решава дропки со дете од основно училиште кое се јави за да и се пожали дека „имал многу лош ден во училиште“, објавија американските медиуми. И се пожали и и кажа дека имал „премногу домашни задачи“, а диспечерката во понатамошниот разговор дознала дека го „мачат“ дропки.
Во аудио-снимката објавена на Твитер, се слуша како Антонија и момчето решаваат дропки:
– Три четвртини плус една четвртина е еднакво на едно цело. И задачата беше решена многу брзо.
Детето на крајот пристојно се заблагодари и ѝ се извини на Антонија бидејќи и пречел.
Во соопштението на полицијата се вели дека повикувањето на бројот 911 не се советува во случај на проблеми со домашна работа.