На Ел Чапо му се заканува доживотна казна затвор.
Озлогласениот мексикански нарко-шеф Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо, во американскиот суд, прогласен е за виновен за сите точки од обвинението.
На Ел Чапо му се заканува доживотна казна затвор, пренесува RT.
Поротата на судот во Бруклин ја усвои пресудата со која Гузман е прогласен за виновен за сите десет точки од обвинението, од кои некои предвидуваат доживотна казна затвор.Тој е обвинет за трговија со тони дрога, како и организирање убиства и нелегално користење на огнено оружје.