Сликата што се појави на Фејсбук на која се гледа како момчето во едната рака држи пиле, а во другата пари, стана вирална.
Момче од североисточна Индија оваа недела стана неверојатен херој откако случајно го згазил пилето на својот сосед. Свесен за својата вина, откако ненамерно го повредил додека возел велосипед на улиците во Саиранг во државата Мизорам, неименуваното момче се упати кон најблиската болница со парите што можел да ги собере во очајнички обид да го спаси животот на пилето.
Овој пост собра над 100.000 лајкови и речиси 7.000 коментари откако беше објавен во вторникот, што го привлече вниманието на тамошните медиуми.