После две недели потрага, телото на двегодишното момче е извлечено од бунарот во Шпанија.
Телото на двегодишниот Hulen Rosela беше извадено од бунарот во Тоталана – Шпанија. Несреќното мало момче на 13. јануари падна во бунар длабок повеќе од стотина метри на приватен имот, затоа што избегал додека семејството подготвувало ручек за собраното семејство.
Детето падна во бунарот низ отвор од само 25 сантиметри, што ја направи мисијата за пребарување и извлекување многу тешка. Спасувачите деноноќно со голи раце копаа паралелен тунел, обидувајќи се да го најдат момчето.
За жал, ноќта меѓу петокот и саботата, беше извлечено неговото безживотно тело. Во потрагата учествуваа повеќе од сто спасувачи. „Daily mail“ објави дека несреќните родители веќе изгубиле едно дете, исто така момче кое во својата трета година од животот починало од вродена срцева маана.