Жена змеј! За 9 минути родила 6 бебиња!
18 март, 20190
Лекарите во Хјустон, Тексас, беа во неверување кога Телма Чиака за само девет минути родила шест бебиња. Таа на 15-ти март на свет донела четири момчиња и две девојчиња. Во болницата и кажале дека шансите да роди шесторка се 1:47 милијарди.
Малите се родени помеѓу 4:50 и 4:59 минута.
Бебињата се во стабилна состојба, иако имаат меѓу половина килограм и килограм, но тие ќе се чуваат на одделението неонатологија додека не добијат поголема тежина.Телма се чувствува добро и веќе им ги дала на девојчињата имињата, Зина и Зуриел. Меѓутоа, момчињата засега се без име.