
Шокираните патници во автобусот присуствуваа на необична сцена на жестока борба на мотоциклист и возач на автобус. Во еден момент, кондуктерката сама влета во судирот и го повлече за шорцевите!
Патниците мирно се возеа кон своите домови, се додека мотциклистот не се разбесни, бидејќи автобусот, наводно, „влетал“ во лентата. Ова се случи во Бангкок, Тајланд, минатата сабота попладне.
Мотоциклистот го блокираше патот со своето возило и му пријде на автобусот со намера да започне кавга. Меѓутоа, возачот на автобусот стана од седиштето и се одбрани со карате удари! Набрзо и кондуктерката се приклучи во одбрана на автобусот, а како изгледаше сето ова можете да погледнете во видеото подолу:
https://www.youtube.com/watch?v=etyiEs3j8x8