Знаме за малку ќе убиеше војник: Го подигна во воздух, а потоа го фрли од голема висина и тоа не е с è

26 февруари, 20190
z

На пробата на церемонијата во Мексико, камерата забележа како знамето го фаќа војникот Раул Флорес, го крева и фрла од голема висина. Иако сето ова звучи неверојатно, вистина е. Собраните луѓе викаа и трчаа кон него за да му помогнат. Сите немоќно гледаа како масивното знаме го вее ветрот и го „проголтува“ војникот додека свиреше воената група. Луѓето од страв си ги покриваа лицата, а една секунда подоцна трчаа кон Раул.

Локалните медиуми објавија дека сè се случило бидејќи војникот ја ставил ногата врз знамето и дека поради силниот ветер го подигнало во воздухот.

Војникот потоа паднал од висина од 5-6 метри и се здобил со повреди на градите, колкот и стапалата.

„Мислев дека ќе умрам и размислував за мајка ми“, рече Раул откако се освести во болницата. Лекарите велат дека војникот сега е стабилен, но потврдија дека има и три скршени ребра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi