Кога станува збор за љубовта, еве што ве чека на тоа поле до 31 јули 2020 година. За некои, ѕвездите толку ќе се насмевнат што ќе заборават на сè.
Овен
Можеби се чувствувате фрустрирано во емотивните врски. Знаете дека можете да сте подобри, но околностите не се на ваша страна. Не постои рецепт за подобрување на врската.Потребно е да имате трпеливост и толеранција.
Бик
Вие верувате дека она што го немате во моментот , можете да го измислите. Поминувате многу време сами со оваа идеја. На крајот, ќе ја игнорирате личната несигурност и ќе паднете во прегратките на вашата сакана личност.
Близнаци
Нема никакви пречки за вашите љубовни идеи. Еден близок ќе ја поддржи вашата секоја идеја, дури и ако е луда. Ќе бидете поотворени кон луѓето. Многумина ќе излезат на неколку места заедно со партнерот, доста ќе се движат.
Рак
Ќе донесете имагинација и неочекувани идеи во забавите во кои во повеќето случаи сами ги организирате. Тоа ќе биде забавно. Ќе се покажете како многу гостопримлив домаќин и заедно со вашиот партнер ќе бидете домаќини на драги пријатели. Ќе ви биде многу убаво и пријатно на сите вас.
Лав
Освен што вашиот партнер се обидува да ве поддржи во сè, и вашите пријатели ќе се приклучат кон тоа. Многумина ќе бидат далеку од реалноста за љубовта во своите мисли. Вашите односи се цврсти, но пловите во вашиот свет на имагинација.
Девица
Не претерувајте со приказните, затоа што гласот на срцето бара тишина за да се препознае. Само сакајте и не прашувајте. Ќе покажете дека сте доста откачени. Намалете го вашето лудило бидејќи ќе ги збуни сите околу вас, вклучително и вашиот партнер.
Вага
Повеќето од вас ќе се повлечат во светот на имагинацијата. Тоа е ваше засолниште од реалноста. Вие нема да бидете многу вешти во изразувањето на вашите љубовни желби. Вашиот партнер ќе треба да влече зборови од вас со клешти, но ќе бидете емотивни.
Скорпија
Малите семејни теми накратко ќе го привлечат вашето внимание, но не толку многу за да заборавите на вашата сакана личност. Ќе продолжите да излегувате и да ја развивате вашата врска на мудар начин. Некои штотуку започнаа, па нека не брзаат.
Стрелец
Ова се денови полни со ветувања. Со задоволство ќе разговарате со вашата сакана личност. Обидете се да го потврдите ова со мал подарок. Можеби и ситница, но ќе му биде драга на срцето на партнерот и ќе биде запаметена.
Јарец
Ќе си поминувате супер на атрактивно социјално место. Ако сте сами, пред вас има можност за нов познаник. Помеѓу приказните и ветувањата, ќе се обидете да го задржите второто. Тоа ќе биде обид полн со добри намери.
Водолија
Обичното дружење на кафе би можело на многу самци да им донесе ново запознавање кое ветува нешто повеќе. Исто така, ќе се отворат можности за добра забава и забави што не би требало да се пропуштат. Затоа, облечете се и излезете од дома.
Риби
Ќе ви недостасува трпеливост за да запознаете некоја личност подобро. Разберете дека работите треба некогаш да се пуштат, а не да се форсираат. Бидете она што сте, тоа – бидете природни и слушајте го вашиот внатрешен глас. Тој ќе ве однесе на вистинското место.