Ќе ви треба многу трпение
Името кое секогаш нè асоцира на интересни криенки и загатки е секако Џерџели Дудаш, попознат како Дудолф. Овој уметник од Унгарија повеќе пати докажал колку е вешт во криењето на предмети и животни на илустрациите.
За повторно да ја покаже својата креативност, Дудолф нацртал десетици портокалови мисирки.
Иако сите знаеме дека ова животно нема портокалова боја, Дудолф го направил ова намерно за да ви го отежне наоѓањето на скриениот предмет.
Имено, треба да пронајдете тиква, а очигледно нема да биде лесно бидејќи тиквата и мисирките се со иста боја.
Можете ли да ја забележите?
Ако не можете, погледнете во долниот десен агол на илустрацијата.
Ако сè уште не сте ја нашле тиквата, погледнете го решението на подолу.