Постојано чекате подобра иднина: Навики што ви откриваат дали сте ХРОНИЧНО несреќни

popara26 октомври, 20221min00
Screenshot_10

Среќата се наоѓа во нас и во нашата способност да се промениме тогаш кога е потребно.

 

 

 

 

Сите имаме лоши денови, месеци кога го допираме дното и сме несреќни буквално на сите полиња од нашиот живот, но разликата помеѓу среќниот и несреќниот живот се крие во тоа колку долго ќе бидеме „таму доле”.

 

Погледнете кои 7 навики се карактеристични за хронично несреќните луѓе:

 

  1. Тргнувате од точката дека животот ви е тежок

 

Среќните луѓе се свесни дека животот може да биде тежок, но тие тоа го гледаат периодично. Овие луѓе одговорно се преиспитуваат себеси, како можеле да се најдат во таква позиција и сконцентрирано работат на излезот од нередот.

 

 

  1. Сметате дека на луѓето не може да им се верува

 

Сосема е во ред да се поседува одредена доза на недоверба, но повеќето среќни луѓе не одат низ животот со затворен ум и срце кон другите луѓе. Напротив, тие веруваат во добрината на луѓето и создаваат круг од блиски пријатели.

 

 

  1. Се концентрирате на тоа што не чини, наместо на тоа што е добро

 

Во светот има илјадници лоши работи, но треба да почнете да размислувате и на убавите работи кои ве опкружуваат. Правете баланс помеѓу лошите и добрите случувања во светот.

 

 

  1. Се споредувате со другите и чувствувате љубомора

 

Несреќните луѓе веруваат дека среќата на другите луѓе им е украдена од истите. Тие се уверени дека постои одредена количина на среќа која мора да се распореди, а штом е веќе некој среќен, тогаш значи дека за нив не останало доволно од таа среќа, што ги прави да се чувствуваат љубоморно.

 

  1. Се обидувате да го контролирате животот

 

Постои разлика помеѓу контрола и труд со кои ќе ги постигнете саканите цели. Среќните луѓе секојдневно преземаат сѐ што можат за да го постигнат саканото. Од друга страна пак, несреќните луѓе се обидуваат да испланираат сѐ до најситни детали и се распаѓаат пред самата ситуација.

 

 

  1. Помислата на иднината ви предизвикува страв и грижа

 

Несреќните луѓе се полни со мисли за тоа што би можело да тргне наопаку, наместо да мислат што може да тргне на добро. Среќните луѓе веруваат во здрава доза на сонување на тоа што посакуваат да им се случи.

 

 

  1. Вашите разговори се полни со озборување и жалење

 

Несреќните луѓе сакаат да живеат во минатото и да зборуваат за тоа колку лоша судбина ги снашла. Кога ќе немаат веќе тема за разговор, започнуваат да ги озборуваат другите. Среќните луѓе живеат во сегашноста и сонуваат за иднината со нивните позитивни вибрации.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma