Овен
До крајот на денот обрнете внимание на можните проблеми со ‘рбетот. Ова е ден кој треба да се посвети исклучиво на одмор и релаксација бидејќи имавте многу стресна работна недела. Можен договор за семејни обврски со помлад член од семејството.
Бик
Денес сте окупирани со работи поврзани со минатото и со сето она што сте го направиле за вашиот партнер и за партнерскиот однос. Обидете се во текот на денот да се фокусирате малку повеќе на себе и на обврските, но партнерот и минатото ќе ве „прогонуваат“ на некој чуден начин.
Близнаци
Комуникацијата со членовите на семејството е многу нестабилна затоа што одредени членови на семејството негодуваат за вашето однесување. Внимавајте на вашата работа и не оставајте простор за коментари. Обрнете внимание на проблемите со забите.
Рак
До крајот на денот ќе бидете многу вознемирени поради туѓото влијание и туѓите зборови. Гледајте на работите од поинаков агол и не дозволувајте луѓето да ве понижат и да ја искористат вашата добрина и добронамерност.
Рак
Се однесувате тврдоглаво и не дозволувате партнерот да го каже своето мислење. Веќе некое време партнерскиот однос оди во други крајности и често секојдневно имате расправии. Деловната ситуација е стабилна.
Лав
Ретроградноста на Венера во вашиот знак наскоро ќе донесе проблеми во љубовните врски. Обидете се да бидете директни и да не сфаќате се што се случува премногу лично. Обрнете внимание на деловните ситуации кои се многу сериозни.
Девица
Во следните неколку дена ќе бидете под силна контрола на луѓето од вашето опкружување, особено кога станува збор за деловната страна. Не се вознемирувајте многу поради тоа, но гледајте да ги правите работите како што сте ги правеле досега.
Вага
Љубовната ситуација е многу нестабилна и напната поради вашата потреба да кажете се во лице. Немате такт и не можете да се контролирате кога се во прашање односите со другите луѓе. Обрнете внимание на можните проблеми со ‘рбетот.
Шкорпија
Како ќе се одвиваат работите кога се во прашање семејните односи, зависи од вас. Најмладиот член на семејството ви создава одредени проблеми кои не можете да ги решите. Чувајте ги вашите емоции за себе. Проблеми со спиењето.
Стрелец
Ако слушнете дека некој ве озборува, во текот на денот ќе ви направи голем скандал. Затоа е најдобро да се контролирате себеси и своето однесување бидејќи се што правите денес нема да има никаков позитивен ефект. Проблеми со забите.
Јарец
Веќе некое време имате потреба да се соочите со проблеми кога е во прашање вашиот емотивен љубовен живот. Денес е вистинско време да разговарате за тоа со партнерот и да донесете многу важни животни одлуки.
Водолија
Во следните неколку дена ќе бидете под силно влијание на личност под знакот Јарец, која ви е потребна во однос на работните и деловните обврски. До крајот на денот грижете се за можните емотивни блокади за кои брзо можете да зажалите.
Риби
Полека си создавате проблеми бидејќи немате сила да преговарате со партнерот за вашата потреба да промените се. Мора да бидете силни за сето тоа. Без доволно моќ, нема почеток.