ХОРОСКОП ЗА 23-ТИ МАРТ: Овните пред дилема, а Водолиите очекуваат добри вести

popara23 март, 20231min00
a132aceeec0e5b3c777261bd72b9be09fc67a1f4

Овен

Соочени сте со дилема дали да прифатите дополнителни обврски кои ви ветуваат добра заработка но и значително зголемување на обемот на работа. Доколку добро се организирате, новите обврски можат да ви обезбедат голема профитабилност на долг рок.

Бик

Вашата концентрација не е на завидно ниво. Најмногу размислувате за уживање со саканата личност и егзотични патувања. Во духот сте далеку од вашето место на живеење, па би било пожелно да се симнете од облаците на крајот на денот, во спротивно, ќе следи болно враќање во реалноста.

Близнаци

Кога никој не знае како да продолжи, ви доаѓа идеја која спасува живот. За да ја зачувате хармонијата, без која не можете да функционирате, подготвени сте да дадете се од себе за да ги надминете проблемите. Бидете рационални, не ги преценувајте своите способности.

Рак

Имате променливо расположение и склони сте на нервоза, особено во однос на семејството. Внимавајте какви обврски прифаќате бидејќи не сте во позиција да ги почитувате сите договори. Не играјте на се или ништо, ќе бидете дисквалификувани во клучниот момент.

Лав

Ве притискаат рокови. Вашите квалитети се доведуваат во прашање бидејќи сте премногу бавни. Под стрес сте од брзањето, особено кога се работи за нешто што, според вас, е многу важно. Не подлегнувајте на атмосферата, држете се до сопственото темпо и денот ќе помине во мир.

Девица

Се потпирате на ветувањата што ви ги даваат вашите пријатели. Чекањето за нивно исполнување може да ве стави во позиција да им давате изговори на другите луѓе, иако застојот не потекнува од вас. За да го избегнете ова, завршете ги должностите лично и сами.

Вага

Вистинскиот момент е многу работи да ги ставите на свое место, особено ако имате луѓе околу вас со кои имате нејасни односи. Вашиот авторитет е на врвот, тоа што го кажувате денес, другата страна ќе го разбере на најдобар можен начин.

Шкорпија

Губите премногу време обидувајќи се да соберете група луѓе за да се посветите на заедничката цел. Проблемот не е во тоа што не сакаат да соработуваат со вас, туку пречката е што не сите го гледаат, на ист начин, она што ви е толку кристално јасно.

Стрелец

Не преземајте нови обврски, најдобро е денот да го поминете во минимални деловни активности. Наскоро ќе имате поголем прилив на пари кои можат во голема мера да ги решат финансиските проблеми за кои моментално немате долгорочно решение.

Јарец

Полни сте со идеи со кои ја исполнувате вашата околина. Иако сте популарни во општеството, станувате заморни затоа што зборувате премногу. Брзината со која се изразувате пред другите луѓе изгледа како да сте површни, па затоа советот за денес е помалку да зборувате, а повеќе да правите.

Водолија

Ве очекуваат добри вести за значителни парични приходи, но потоа следуваат трошоци. Со навидум стабилизирање на финансиската состојба се подобрува и вашето расположение, па тоа позитивно влијае на љубовните врски.

Риби

Безопасна ситуација со партнерот се заканува да се претвори во сериозен конфликт. Вашите очекувања и она што го добивате не се синхронизирани. Пред да ја искомплицирате вашата врска, размислете повторно дали проблемот е доволно голем за да направите драма од него.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag