Се верува дека предметите во куќата привлекуваат одредена енергија, а искршените апарати за домаќинство кои не се користат, вештачкото цвеќе и храната со поминат рок, го спречуваат напредокот и среќата на луѓето кои живеат таму, тврдат експертите за фенг шуи.
Фенг шуи е древна кинеска уметност за уредување на просторот во хармонија со природата, а според ова учење постојат работи кои никогаш не треба да се чуваат во куќата. Ако сакате да се подобрите во сите области од животот, отстранете го следново:
Апарати за домаќинство кои не работат
Според експертите за фенг шуи, електронските уреди (телевизор, пегла, фен, фрижидер…) симболизираат сила и моќ. Кога ќе бидат скршени, тоа ќе влијае на вашиот живот во форма на здравствени проблеми, неуспешни љубовни врски или непријатни ситуации на работа. Или поправете ја скршената техника или фрлете ја.
Вештачко цвеќе
Растенијата го симболизираат растот и напредокот, а сувите цвеќиња се сосема спротивно – тие претставуваат стагнантна енергија која ве забавува. Затоа можеби страдате од вашите поранешни љубови, постојано сте уморни, ништо не ви оди како што треба.
Ако сакате цвеќиња, купете саксиско растение бидејќи живо растение симболизира раст. Ако ви се сушат домашните растенија, може да ви биде тешко да станете наутро, немате добри резултати на работа, постојано сте уморни. Посветете им повеќе внимание на вашите растенија.
Расипана храна
На храната се гледа како на способност на една личност да дава и прима љубов. Затоа, ако фрижидерот ви е полн со храна што се влошила, може да имате проблеми во љубовниот живот. Еднаш неделно проверувајте го фрижидерот и кујнските кабинети и фрлајте се што е расипано. Лековите и козметиката со поминат рок симболизираат лоша енергија што ја отежнува физичката и психичката релаксација, пренесува Крстарица.