Постојат периоди во кои сакаме едноставно да се опуштиме во удобноста на нашиот дом и да заборавиме на обврските, но на некои луѓе тоа им се случува многу почесто.
Астролозите велат дека тоа има врска со хороскопскиот знак, а Your Tango пишува дека токму овие три знаци важат за најмрзливи.
Бик
Биковите се креативни, талентирани и сакаат да бидат во центар на внимание, но не сакаат напорна работа до патот на успехот. Мрзливоста е една од нивните најголеми слабости. Страсни се и имаат високи цели, но често им недостига мотивација за придвижување на работите.
Рак
Меѓу најмрзливите хороскопски знаци се и Раковите. Иако се страсни и сакаат да го променат светот, не се баш склони да се фатат за работа и тоа да го направат. Не сакаат досадни и заморни ситуации кои сепак се доста чести кога станува збор за работа.
Риби
На Рибите најважна во животот им е слободата, додека точноста, упорноста и преданоста кон работата им се слаби точки. За нив роковите и посветената работа им даваат чувство на заробеност. Имаат големи идеи и желба да се докажат, но не е реткост на себе да преземат повеќе обврски отколку што на крајот се подготвени да ги извршат.