Природен омекнувач за алишта: Мешавина од 2 состојки ја прави облеката мека како свила!

popara6 март, 20261min00
Природен омекнувач за алишта

Ви даваме рецепт за домашен омекнувач за алишта.

Купените омекнувачи за алишта содржат многу хемикалии кои можат да ја иритираат вашата кожа и да ја оштетат вашата облека. Ако сакате да заштедите пари и да користите природен омекнувач кој нема да ја иритира вашата кожа, направете го сами.

Рецепт за природен омекнувач за алишта

За разлика од купените, овој омекнувач за алишта е направен со само две состојки кои веројатно веќе ги имате дома и се сосема природни. Ќе ви требаат:

400 мл бел оцет
-40 капки есенцијално масло по ваш избор

Маслото од портокал е нежно и ги отстранува дамките, лавандата е смирувачка, а нането може да ги неутрализира силните мириси,изборот е голем.
Измешајте и истурете во машината за перење во преградата за омекнувач. Не грижете се, откако облеката ќе се исуши, нема да го чувствувате мирисот на оцет од овој домашен омекнувач.

Друг рецепт за домашен омекнувач

Постои уште еден рецепт за домашен омекнувач што го користат многу домаќинки. Потребни ви се

-600 мл вода

-200 мл регенератор за коса

– 100 мл бел оцет

Измешајте ги сите состојки. За двата рецепти, во машината се става 1 капаче омекнувач.