Момче се јави во полиција, а диспечерката се шокираше: Она што го мачело го насмеа целиот свет!

popara30 јануари, 20191min00
91111

Сепак му помогна …

Диспечерите кои дежураат на американскиот број за итни случаи 911 се навикнати на секакви прашања и необични ситуации.

Антонија Банду од Лафајет во Индијана почна да решава дропки со дете од основно училиште кое се јави за да и се пожали дека „имал многу лош ден во училиште“, објавија американските медиуми. И се пожали и и кажа дека имал „премногу домашни задачи“, а диспечерката во понатамошниот разговор дознала дека го „мачат“ дропки.

Во аудио-снимката објавена на Твитер, се слуша како Антонија и момчето решаваат дропки:

– Три четвртини плус една четвртина е еднакво на едно цело. И задачата беше решена многу брзо.

Детето на крајот пристојно се заблагодари и ѝ се извини на Антонија бидејќи и пречел.

Во соопштението на полицијата се вели дека повикувањето на бројот 911 не се советува во случај на проблеми со домашна работа.